сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Дете со Даунов синдром било одбиено од 20 семејства, а потоа се појави овој прекрасен самохран татко (ФОТО)

Дете со Даунов синдром било одбиено од 20 семејства, а потоа се појави овој прекрасен самохран татко (ФОТО)

Италијанец си го остварил сонот да стане татко, посвојувајќи девојче со Даунов синдром, напуштено од мајката.

Лука Трапанесе добил родителски права над малата Алба кога таа била стара само 13 дена. Таа веќе била одбиена за посвојување од 20 семејства поради нејзиното нарушување.

41-годишниот маж воопшто не се плашел од дијагнозата на Алба зашто од својата 14-та година волонтирал и работел со деца со посебни потреби. Исто така, негова голема желба била да стане татко.

Кога во 2017 година добил повик дека има можност да посвои девојче со Даунов синдром, тој воопшто не се исплашил од предизвиците кои му претстоеле, и без размислување рекол „да“.

„Од 14 години волонтирам и работам со деца со посебни потреби, па чувствував дека го имам потребното знаење и искуство за да го направам тоа“ – смета Лука.

Лука вели дека ја почувствувал нивната поврзаност уште кога првпат ја зел во рацете.

„Кога првпат ја зедов во раце бев преплавен од радост. Веднаш почувствував дека ми е ќерка. Тогаш за првпат држев новороденче. Претходно, се плашев. Но, кога првпат ја држев Алба, знаев дека сум подготвен да ѝ бидам татко“ – изјавил тој.

Сега, неговиот свет се врти околу Алба и тој постојано објавува заеднички фотографии на Инстаграм.

 „Ми донесе среќа и чувство на исполнетост. Се гордеам што ѝ сум татко“ – рекол тој.

Извор: ФЕМИНА