петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во полициската станица во Прилеп

Пукање во полициската станица во Прилеп

Денес околу 15:15 часот во просторијата која ја користи Агенцијата за национална безбедност сместена во ПС ОН Прилеп вработениот од МВР З.М. од службеното оружје пиштол испукал еден куршум во подот.

„Од испукувањето нема повредени, причинета е незначителна материјална штета. Известен е јавен обвинител. Извршен е увид на лице место. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.

Извор: infokompas