среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Македонскиот филм поблиску до Оскар

Македонскиот филм поблиску до Оскар

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ влезе во потесниот избор на номинации за годинашнава награда Оскар за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории од кој што на 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе бидат номинирани за Оскар.

Ако добие номинација за Оскар во двете категории, „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе биде прв македонски филм што успеал во тоа.