сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибрахимовиќ може да замине во Евертон ако клубот го води Анчелоти

Ибрахимовиќ може да замине во Евертон ако клубот го води Анчелоти

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ може да замине во Евертон доколку Карло Анчелоти биде поставен на тренерската функција, пренесе „Раи“.

Претходно се дозна дека италијанскиот специјалист наскоро може да го предводи премиерлигашот Евертон.

– Во овој случај, голема е веројатноста дека 38-годишниот Швеѓанец, кој во моментов е слободен агент, ќе се приклучи на тимот, објави италијанскиот медиум.

За Ибрахимовиќ се заинтересирани и Наполи, Болоња и Милан.