четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Имаше голема битка во Неапол до последната минута

Анчелоти: Имаше голема битка во Неапол до последната минута

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше задоволен од победата (2-3) над Наполи на стадионот „Диего Марадона“. Тој ги пофали своите играчи за одличната игра, а исто така даде забелешки за судиите, особено за пеналот досуден за Начо.

„Тежок натпревар, голема борба до последната минута. Примивме гол кој можевме да го избегнеме. Потоа почнавме да играме и да создаваме шанси. Најтешкиот момент беше кога ни израмнија од тој прилично контроверзен пенал. Правилата велат дека кога топката ќе удри во рака по рикошет, не треба да се досуди пенал, барем така е во Лигата на шампионите. Внесувањето на Модриќ ни помогна подобро да ја контролираме топката и да го контролираме центарот на теренот. Апсурдно е што нашиот трет гол беше постигнат како автогол на Мерет затоа што Валверде го изведе тој неверојатен удар. Тој е неверојатен играч за врска со многу квалитети, а меѓу нив се и ударите од далечина. Не е важно колку голови ќе постигне оваа сезона“, изјави Анчелоти.

Италијанецот го изрази своето воодушевување од Џуд Белингам, кој одигра уште еден квалитетен натпревар од почетокот на сезоната.

„Тој игра феноменално, многу зрело за неговите години. Тоа е она што најмногу ме одушевува“, додаде Италијанецот.