петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француско списание за деца повлечено од продажба поради коментар дека Израел не е вистинска држава

Француско списание за деца повлечено од продажба поради коментар дека Израел не е вистинска држава

Јануарското издание на француското списание за деца „Јупи“ беше повлечено од продажба поради коментарот дека „Израел не е вистинска држава“.

– Има 197 држави во светот, како Франција, Алжир или Германија. Има и други земји, но не сите држави во светот се согласуваат дека ова се вистински држави (на пример Израел или Северна Кореја), пишувало во спорниот текст.

Уредникот на списанието Бертран Фису изјави дека вината за овој коментар е негова и дека им се извинува на читателите. Претставници на еврејски организации во Франција го критикуваа објавувањето на овој коментар за Израел, велејќи дека е симптоматичен за растечкиот антисемитизам во Франција.