сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Татко монструм во Русија: Кога полицијата влезе во неговиот дом најде сцена како од хорор филм (ВИДЕО)

Татко монструм во Русија: Кога полицијата влезе во неговиот дом најде сцена како од хорор филм (ВИДЕО)

Кога полицијата влегла на имотот на наизглед угледно руско семејство во село во близина на Санкт Петербург, не можела да верува дека наишла на случај инцест, силување и семејно насилство.

Ако се потврдат како вистините сите детали за 10-членото семејство за кое во моментов сите зборуваат, може да се добие сценариот за хорор филм. Полицијата сега ги крие деталите за случајот, но и она што го откриле е многу вознемирувачко.

Во понеделникот вечерта полицијата отишла во семејниот дом во селото Химози, кое се наоѓа околу 30 километри јужно од Санкт Петербург. Одлучиле да го посетат семејството откако еден мештанин изразил сомнение дека таткото со години ја силува 13-годишната ќерка.

Кога влегле во куќата откриле многу скриено нелегално оружје. Фотографиите кои истражувачите ги објавиле, ја покажуваат внатрешноста на големата трикатна куќа преполна со мебел, облека и други предмети за домаќинство и доволно смртоносно оружје за вооружување на мал одред, пишува Раша Тудеј.

Главата на семејството, 46-годишниот Андреј Б. наводно имал 5 пушки, два митролези, неколку пиштоли, илјада куршуми и неколку рачни бомби.

 

Меѓу арсеналот оружје се наоѓала и униформа со лого ФСБ, што значи дека припаѓа на некоја Федерална служба за безбедност.

Според локалните медиуми, 13-годишната жртва и нејзината мајка рекле дека Андреј е силувач.

Хоророт кој се случувал во внатрешноста на ѕидовите бил добро зачуван од мештаните, кои рекле дека членовите на семејството се чудни и дека биле на дистанца. Уште една чудна работа која се наоѓа на нивниот имот е големиот крст пред куќата, но жителите велат дека тоа е само знак на длабока религиозност.

Полицијата во домот на семејството пронашла голем број религиозни предмети. Во семејството има осум деца, вклучувајќи и двајца возрасни мажи, четири момчиња и две девојчиња. Андреј е биолошки татко на шест од нив. Децата се школувани дома и немале многу контакт со надворешниот свет.

Андреј, кој е наводно голем обожавател на последниот руски цар Николај Втори, ги водел на историски случувања, каде децата се облекувале во костими од одредено време.

При претресот Андреј рекол дека работел во Федералната служба за безбедност, но после проверката, полицијата открила дека тој нема никаква врска со таа служба.