Секси новинарката од Италија, Дилета Леота направи големо интервју со Кристијано Роналдо, ѕвездата на Јувентус.
Дилета го запраша Роналдо за неговиот начин на славење и крикот „Сииии“, но почна да го имитира, на што тој слатко се изнасмеа.
-Почнав тоа да го правам во Реал Мадрид. „Си“ значи „Да“, едноставно ми дојде природно да го правам тоа. Отсекогаш сум велел. Најдобро е да ги правите работите по природен пат, изјави Кристијано.
Дилета со Португалецот разговараше на многу теми, а целото интервју ќе биде емитувано на 26 декември.