петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивач се појавил до Меси со дрес на Роналдо, погледнете ја реакцијата на Аргентинецот (ВИДЕО)

Навивач се појавил до Меси со дрес на Роналдо, погледнете ја реакцијата на Аргентинецот (ВИДЕО)

Аргентискиот суперстар Лионел Меси се нашол во непријатна ситуација кога еден навивач му пришол со дрес на Кристијано Роналдо.

Двајцата важат за најдобри фудбалери на светот во изминативе 15 години, освоија 12 Златни топки, а ривалството помеѓу нив се разви во Шпанија кога Меси играше за Барселона, а Роналдо за Реал Мадрид.

Меси е моментално член на Интер Мајами додека Роналдо е во Саудиска Арабија каде настапува за тамошниот Ал Наср.

И покрај тоа што играат на различни континенти, љубителите на фудбалот и понатаму расправаат околу тоа кој е подобар фудбалер од нив двајца, па така еден навивач се обидел да го изненади Меси, застанувајќи до него со дресот на неговиот најголем ривал.

Лионел бил шокиран од потегот на младиот навивач по што продолжил да гледа во него, што може да се забележи од видеото.

Аргентинецот е инаку главен фаворит за освојување на 8-ма Златна топка откако ја одведе Аргентина до титулата на најдобра репрезентација на светот.