вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес во канадската провинција Британска Колумбија

Силен земјотрес во канадската провинција Британска Колумбија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 177 километри западно од канадскиот град Порт Харди, во провинцијата Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт, цитиран од британските медиуми.

Епицентарот на ударот бил на длабочина од 10 километри. Потресот бил на 518 километри западно од Ванкувер.

Засега нема податоци за жртви и разурнувања, пренесе БТА.

Нема предупредувања за високи бранови и цунами.