петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во скопско, маж фатен на дело како пали нива

Пожар во скопско, маж фатен на дело како пали нива
илустрација

На 26.12.2019 во 14:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во нива во с.Петровец, скопско.

Подоцна, пожарот се проширил во дворното место на И.Ј.(29) од с.Ржаничино.

Според изјава на очевидци, околу 13:40 часот бил забележан З.М.(56) од с.Ржаничино дека го предизвикал пожарот.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.