петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Целта не е да се продолжи победничката серија, туку да го освоиме секој натпревар

Клоп: Целта не е да се продолжи победничката серија, туку да го освоиме секој натпревар

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги прокоментира постигнувањата, што тимот од Мастерсајд го ​​забележа вчера откако го победи Шефилд.

„Црвените“ не се поразени во Премиер лигата точно една година – последен пат кога екипата загуби во првенството беше на 3 јануари 2019 година.

– Очигледно, ова е многу добра серија, но целта не е да ја продолжиме, туку да победиме на секој натпревар. Јас сум навистина среќен и многу горд на моите момчиња. Но, не треба да ги земаме таквите работи здраво за готово. Тие направија сè што сакаа. Момчињата играа навистина одлично, рече Клоп по мечот.