четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец со својот автомобил излетал од патот, веднаш бил пренесен во болницата во Велес

Скопјанец со својот автомобил излетал од патот, веднаш бил пренесен во болницата во Велес

На регионалниот пат Богомила-Стари Град, вчера во 7:30 часот во близина на крстосницата со регионалниот пат Велес-Извор, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. З. (49) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата со повреди се здобил Д.З. и бил пренесен во Општата болница Велес за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.