среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кај се сега тие кои викаа дека Лукаку е магаре?!

Кај се сега тие кои викаа дека Лукаку е магаре?!

Фудбалерите на Интер славеа во најинтересниот натпревар од 18. коло во италијанската Серија А. Со триумфот од 3:1 над домашниот тим на Наполи, Интер се изедначи со Јувентус и повторно ја делат лидерската позиција на табелата.

Четата на Антонио Конте дојде до планираните три бода со двата погодока на Ромелу Лукаку, а во листата на стрелци се запиша и Лаутаро Мартинез. Почесниот погодок за „азурите“ беше дело на Аркадиуш Милик, а репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас, целиот натпревар го преседе на клупата за резервни фудбалери.

Веднаш по натпреварот предводникот на „нероазурите“, Антонио Конте вербално ги нападна сите тие кои во изминатите неколку недели ја критикуваа играта на Интер.

-Се зборуваше од типот дека Лукаку е магаре, дека не знае да игра. Секакви работи слушнав во изминатите неколку дена, а сега е најлесно да се фали Лукаку. Јас секогаш зборев дека Ромелу е дијамант кој има потреба од брусење, а истото го мислам и за Мартинез. Тоа се момци кои имаат 26 и 22 години, уште се млади, изјави Конте.

Ваквата негова изјава беше наменета за трофејниот италијански стручњак Фабио Капело кој тврди дека Интер е тим што игра само на контранапади.

-Слушам дека сме играле само на контри, но ние сме тим кој во секој момент знае што треба да направи со топката. Се збори дека играме бункер кога гостуваме и потоа форсираме контри. Сепак, ние немаме таков менталитет, така не ги започнуваме натпреварите. Наполи го притиснавме на неговата половина и затоа не можам да сфатам што зборат некои коментатори. За среќа, противникот повеќе не респектира од таквите коментатори, додаде Конте.