среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ромелу Лукаку доби заштита од властите

Ромелу Лукаку доби заштита од властите

Ромелу Лукаку се враќа на „Џузепе Меаца“ како предавник во очите на навивачите на Интер, па поради тоа, јасно е дека ќе добие пеколен пречек од страна на гледалиштето во Милано.

Изминатите неколку дена пристигнаа различни најави за „добредојдето“ кое го подготвуваат најверните навивачи на Интер, па иако конечна одлука беше да нема банери и навредливи пораки, нивниот организиран план сега пропаѓа во вода.

Планот беше навивачите на Интер да го исвиркаат Лукаку со 30 илјади свирчиња кои требаше да бидат доделени пред влезот на стадионот, но ваквите најави сега се стопирани откако фудбалските власти во Италија застанаа во одбрана на напаѓачот.

Со цел да се заштити Белгиецот, Федерацијата објави дека ќе биде забрането внесување на свирчиња и било какви предмети што предизвикуваат звук, а ова секако наиде на огромен револт меѓу навивачите на Интер кои се јавија и со официјално соопштение.

– Продолжува злоупотребата. Свирчињата се забранети!!! 10 илјади свирчиња во Фиренца беа во ред пред две години. Правото не е исто за сите, – се пожалија од Курва Норд.

Примерот кој го посочуваат навивачите на Интер е оној од 2022-ра година, кога навивачите на Фиорентина со 10 илјади свирчиња го пречекаа Душан Влаховиќ кој направи трансфер во Јувентус.