понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Албанското МНР ги повика граѓаните да избегнуваат патувања во Иран и во Ирак

Албанското МНР ги повика граѓаните да избегнуваат патувања во Иран и во Ирак

Албанското министертво за Европа и надворешни работи реагираше по заканите од Иран и прогласувањето на Албанија за непријател, како „ѓаволска земја која ги подржува нивните противници“.

Во соопштението се наведува дека по последните случувања патувањето во Иран и Ирак треба да се избегне.

„Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија ги повикува сите албански државјани да избегнуваат патувања кон Блискиот исток во земји со високи тензии, Иран, Ирак. Албанските државјани кои во моментов се во Иран или Ирак, а на кои им е потребна помош, се молат да контактираат со амбасадите на Република Албанија во Кувајт и Турција, се наведува во соопштението.

Иранскиот духовен водач Али Хамнеи откако ја прогласи Албанија за непријател, ја нарече една многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и планираат против Исламската Република.

Албанскиот премиер Еди Рама пак, изјави дека иранските муџахедини во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција и оти неговата земја не е изложена на потенцијална закана како резултат на иранско-американската конфронтација.

Со ист став е и министерот за дијаспора и поранешен албански премиер и екс министер за одбрана Пандели Мајко.