понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за пожарот во гимназијата „Браќа Миладиновци“

МВР со детали за пожарот во гимназијата „Браќа Миладиновци“

Во 10:39 часот, во СВР Скопје, вчера било пријавено дека во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево во делот кој го користеле како зоолошка градина, кој е во склоп на училиштето, избувнал пожар, при што опожарени биле 320 бали слама и 350 бали сено, а зафатен бил и дел од летниковец.

Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.