Веста за смртта на Коби Брајант одекна низ целиот свет. Во хеликоптерската несреќа загинаа уште 8 лица, меѓу кои и неговата ќерка.
Во меѓувреме, полицијата успеа да идентификува неколку други жртви од истата несреќа.
Веќе беше познато дека Џон Алтобели, неговата сопруга и ќерката Алиса беа меѓу загинатите.
Сега е идентификувано друго лице, а тоа е Кристина Маузер, кошаркарски тренер.
Кристина беше асистент тренер за девојчиња во приватното училиште Оринџ Каунти, а нејзината смрт ја потврди и нејзиниот сопруг Мет.
– Моите деца и јас изгубивме прекрасна сопруга и мајка денес во хеликоптерска несреќа. Ве молиме, почитувајте ја нашата приватност. Ви благодарам за вашите добри желби, тие значат многу за насс, мапиша Мет.
Таа беше соработничка на Коби Брајант, а пред само неколку недели тие заедно одржуваа турнир во кошарка за ракометарки во женска лига во НБА, во академијата „Мамба“ на Коби.