петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Скопје: Татко го нападнал синот, малолетник му вратил – настрадала сестрата која се обидела да ги раздели

Драма во Скопје: Татко го нападнал синот, малолетник му вратил – настрадала сестрата која се обидела да ги раздели

Три лица се повредени во семејна драма која се случила вчера вечерта во Скопје.

Од МВР информираат дека на ул.„391“ во Скопје, по претходна расправија, 15-годишен малолетник бил физички нападнат со дрвен предмет од неговиот татко С.Т.(50) од Скопје.

-По нападот настанала физичка пресметка во која малолетникот со остар предмет ги нападнал неговиот татко и сестра А.Т.(22), која се обидувала да ги раздели. Лицата биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.