Светот денеска втор ден е во шок и неверување по големата трагедија која се случи вчера рано утрото по американско локално време.
Имено легендарниот кошаркар Коби Брајант животот го загуби заедно со својата 13 годишна ќерка и седум други лица во страшна хеликоптерска несреќа.
Оние фотографии кои денеска го обиколија светот се од пеплосаниот хеликоптер во кои се превезувале деветте загинати лица, но се појавија и фотографии од истиот како изгледал во минатото.
Станува збор за хеликоптерот од марката „Сикорски С-76“ во чија сопственост бил на славниот кошаркар и со истиот патувал со години.
Овие фотографии од кошаркарот со хеликоптерот се направени во 2016 година и на истите Брајант се подготвуваше за неговиот последен натпревар во кариерата за Лејкерс.
Инаку фановите на големо коментираат за контроверзниот пад на хеликоптерот особено откако ги видоа деталите во неговата внатрешност и пилотската кабина која поседува речиси се ново и најмодерно.