Неколку денови молк од Владата на Заев за обвинувањата на опозицијата во врска со случајот „Канабис – милионите на Заев”.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека хипер продукцијата на лиценците за одгледување канабис е само нова рекет- машина креирана од власта, власта се уште молчи и не одговара на обвинувањата.
Изминативе денови од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа разоткриени и дел од фирмите кои добиле лиценци за одгледување канабис, меѓу кои дел од нив и блиски луѓе до СДСМ.
Синот на познатиот финансиер на СДСМ, Ванчо Деликатес, сопственикот на Делукс ауто од Куманово, фирма позната по набавка на коли за актуелната власт и донатор на СДСМ, мајката на сопственикот на НИКОБ, фирма која има тендер за обезбедување на Владата и уште 30тина државни институции, инаку поврзувана со семејството Заеви.
Според информациите до кои дојде нашата редакција, Владата на Заев лиценца доделила и на идниот зет на Зоран Заев, инаку момче на неговата ќерка Александра Заева.
Фирмата „Лајф плант” од Струмица е во сопствеништво на 25 годишниот Иван Проданов, инаку младо дете кое и нема сериозни бизниси позади себе за да може да инвестира огромна сума на пари во бизнисот со марихуана.
Оттаму нејасно е како баш идниот зет на Зоран Заев и дечко на неговата ќерка добил лиценца за одгледување канабис и нејасно е од каде му е целиот вложен капитал. Доколку навистина Владата на Заев доделила лиценца за одгледување на канабис на фирмата чиј сопственик е идниот зет на Заев, Антикорупциската комисија ќе има полни раце работа.
ВМРО-ДПМНЕ кога го отвори случајот „Канабис – милионите на Заев” обвини дека Владата на Заев има доделено 31 лиценца, од кои 10 само во месец декември 2019, а уште 20тина поднесени барања за лиценци се на разгледување во Владата.
Опозицијата исто така побара да се испитаат и ревидираат сите доделени лиценци бидејќи има сомневања дека не сите фирми ги исполнуваат критериумите согласно законот за да добијат лиценца и дека општо познато било во кулоарите дека една лиценца чини од 300.000 до 500.000 евра.