вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар на тераса во Црешево- едно лице на Клиника

Пожар на тераса во Црешево- едно лице на Клиника

Во СВР Скопје вчера во 13.00 часот било пријавено дека во с.Црешево, скопско, настанал пожар на тераса од куќата сопственост на П.Б. (80), при што бил опожарен дел од фасадата.

Од пожарот П.Б. се здобил со изгореници и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од соседите и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.