сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривични пријави за две лица поради узурпација на земјиште во државна сопственост

Кривични пријави за две лица поради узурпација на земјиште во државна сопственост

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Х.(29) и М.Х.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Како што соопшти МВР, пријавените, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект.

-Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост, се додава во соопштението.