Стивен Хокинг, кој важеше за вистинско чудо на медицината, во раните утрински часови почина мирно во својот дом во Кембриџ.
Тој беше англиски теориски физичар и космолог, најпознат по неговата работа и истражувања за црни дупки и релативност.
Стивен во животот има напишано неколку популарни научни книги и се сметаше за еден од најголемите научници на сите времиња.
Освен тоа, на 21 година му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), а докторите тогаш му дале уште 2 години за живот.
Сепак, тој ги надмина очекувањата и предвидувањата на медицината и живееше долг живот за кој велеше дека сака да го искористи максимумот од секоја минута во него.
Во јануари годинава, Стивен Хокинг наполни 76 години, а почина на 14 март, два месеца подоцна.