понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шекил по смртта на Коби донел одлука која од темел му го промени животот

Шекил по смртта на Коби донел одлука која од темел му го промени животот

Смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант го шокираше светот, а многумина ги натера да се замислат за животните прашања и одлуки кои ги имаат донесено. Меѓу нив е и Шекил О’Нил, некогашен соиграч на „Мамба“.

Штом дознал за трагедијата Шекил им се јавил на луѓето со кои во минатото имал несогласувања сакајќи да заврши со лошите зборови и мисли.

-Тешко ми е, но одлучив да ги закопам сите воени секири. Не сакам повеќе да се карам со луѓето. Не сакам тоа да го правам…бидејќи никогаш не се знае, истакнал Шек.

Односот меѓу Брајант и Шек со години се балансираше на граница меѓу љубов и омраза. Заедно беа еден од најтрофејните и најдобри тандеми во историјата на НБА лигата, но имало и моменти кога не можеле да функционираат заедно.

-Ги контактирав сите луѓе со кои имав несогласувања и им кажав дека ги сакам. Со некои од нив со години не сум разговарал, но имав потреба тоа да го направам. Нашите животи се случни. Семејставата на сите ни се на прво место, потоа работата. Па доаѓа дружењет. Имам многу пријатели, но досега немав навика да искажувам нежност преку телефон, вели О’Нил.