Коби Брајант ја прегрнувал својата ќерка Џана во последните секунди од животот.
Според извештаите од истрагата јавноста дозна дека кошаркарската легенда сакал да ја заштити својата ќерка прегрнувајќи ја.
Овие детали ги потврди и лице кое е запознаено со истрагата, а за светскиот сајт „ТМЗ“ истиот прв ја открил големата трагедија која се случи пред точно една недела.
Во несреќата починаа уште седум лица, меѓу кои и две девојчиња кои биле од истиот тим на Џана во кошаркарската академија „Мамба“ што беше основана од страна на нејзиниот татко.