понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ повторно манипулира со граѓаните и се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ“

„СДСМ повторно манипулира со граѓаните и се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ“

СДСМ повторно манипулира со граѓаните и се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Процесот на пренесување на надлежностите за располагање со градежно земјиште од централно на локално ниво започна во 2011 година, со донесување на нов Закон за градежно земјиште, на предлог на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го изработи и софтверското решение за располагање со градежно земјиште, со што се предвиде и дека со истото ќе го управува ЗЕЛС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено софтверското решение со кое СДСМ се фали е изработено и имплементирано уште во 2016 година, за што во 2015 година од страна на Министерството за транспорт и врски е спроведена јавна набавка за изработка на софтверско решение. Со уредба донесена од Владата на Република Македонија во октомври 2016 година, на предлог на тогашниот министер за транспорт и врски, предвидено е дека со информацискиот систем за градежно земјиште управува, го одржува и надоградува Заедницата на единици на локална самоуправа на Република Македонија согласно прописите за електронско управување и прописите за податоци во електронски облик и електронски потпис и Законот за градежно земјиште, стои во реакцијата на ВМРо-ДПМНЕ и се додава:

„Склучувањето на договорот помеѓу Сугарески и Шилегов е примопредавање на проект кој е во целост реализиран од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

Најнови вести