Џонатан Барнет, агент на фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Герет Бејл, ги негираше гласините дека неговиот клиент ќе го напушти клубот.
– Герет е многу среќен во Реал Мадрид. И, да бидеме реални, за повеќето клубови, тој не е достапен од финансиска гледна точка. Лесно е да се каже: „Намалете ја цената, одете во друг клуб и играјте таму, но не станува збор само за плата“. Ова се однесува на неговиот животен стил и неговите деца кои израснале во Мадрид, изјави Барнет.
Тој додава дека Велшанецот најверојатно ќе го одработи целиот договор во Реал, а потоа отворени се сите опции.
-Бејл е во многу добра ситуација. Кога неговиот договор ќе заврши, тој ќе разговара за ситуацијата со мене и со неговото семејство и ќе одлучи што сака да стори следно.
Фудбалерот игра за Реал Мадрид од 2013 година. Оваа сезона тој настапи на 12 натпревари во Ла Лига за мадридскиот клуб, постигна два гола и забележа две асистенции.