сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев го убедувал и Папандреу дека предлог-законот за ЈО е добар

Во соопштението преполно со пофални зборови за себе и партијата и честа употреба на името на државата со наметнатата придавка, Кабинетот на Заев не соопштува дали Јоргос Папандреу го одобрил и пофалил овој предлог-закон, кој македонската експертска јавност го оцени како контроверзен и скроен по мерка на лидерот на СДСМ. 
Заев го убедувал и Папандреу дека предлог-законот за ЈО е добар

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретнал со Јоргос Папандреу, претседател на Социјалистичката Интернационала и поранешен премиер на Република Грција, соопштија од неговиот кабинет.

На средбата било разговарано за повеќе актуелни теми, спроведувањето на Договорот од Преспа, евроинтеграциите, како и за процесот на реформите, известија од екс Бихаќка.

Осврнувајќи се на процесот на реформи,  Заев истакнал дека СДСМ преку инситуциите што ги предводи биле силно мотивирани на реформите кои биле важни за европската интеграција, но и за самата држава и незините граѓани.

– Посветени сме на реализација на суштински реформи кои се во интерес на граѓаните. Последна потврда за тоа е договорот за Законот за јавно обвинителство. Законот е добар пример преку кој ќе покажеме дека имаме капацитет, дека сме подготвени да носиме битни одлуки. Законот за јавно обвинителство е потребен за да се расчистат целосно сите отворени предмети за сторен криминал и висока корупција, му посочил Заев на Папандреу.

Најнови вести