вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Република: Полицијата вечерва ги чува штабовите на СДСМ и домовите на пратениците

Република: Полицијата вечерва ги чува штабовите на СДСМ и домовите на пратениците

Кордони со полиција и вечерва се поставени пред домовите на пратениците од СДСМ кои вчера гласаа за законот за двојазичност, јавува Република според нивните информации од терен.

Полициското присуство е дополнително засилено од синоќа, а полицијата вечерва го обезбедува и седиштето на СДСМ во Скопје како и штабовите на партијата низ градовите.

Од Република се обиделе да стапат во контакт со портпаролот на МВР Тони Ангеловски , но тој вечерва ги одбива телефонските повици на порталот.

Во исто време, пратеникот од власта Ферид Мухиќ изјави дека заедно со останатите колеги од СДСМ се договориле денеска да се кријат дома и да не ја иритираат јавноста.

-Со колегите пратеници се договоривме да седиме дома. Нема да побарам заштита, предраматично е да се размслува и да се зборува за ова. Најлошо е што може да има сериозни елементи, за кои треба да се размисли. Немав заштита изминатата вечер, но се договоривме да не се движиме многу во јавност, за да не иритираме – изјави Мухиќ.

Јавноста на социјалните мрежи е загреана и граѓаните постојано го искажуваат своето незадоволство од законот и според нив насилничкиот начин на кој беше донесен овој закон.

Синоќа се случи и помал инцидент, кога некој го запалил автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница која гласаше за законот а во исто време, од МВР информираат, дека денеска имало неколку напади од незадоволни граѓани врз партиски функционери на СДСМ, пишува Република.

Ваквата тензична атмосфера, која се подигнува со засиленото полициско присуство, според безбедносните експерти е начин на дефокусирање на јавноста од штетниот закон кој вчера го изгласа власта.

Најнови вести