среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Дволичноста на СДСМ се гледа и од минатото кога јавно говореле зошто не треба Македонија да е дел од НАТО

Андоновски: Дволичноста на СДСМ се гледа и од минатото кога јавно говореле зошто не  треба Македонија да е дел од НАТО

На „Само Вистина“ вечерва гостуваше Стефан Андоновски, советник за меѓународнa политика на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека членовите на СДСМ и нивните функционери низ минатото имаат говорено зошто Македонија не треба да биде дел од НАТО, и тука може да се согледа дволичноста на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ од 91-та година во својот статут јасно ги кажува своите принципи дека се за НАТО и Европската Унија, за зачленување на Република Македонија во нив, појасни Андоновски.

Андоновски додаде дека никаде во програмата на СДСМ 2016-та година нема став дека името на Македонија ќе се промени. Никаде не пишуваше дека СДСМ ќе го злоупотреби и фалсификува идентитетот македонски, напротив Заев константно во сите можни обраќања се колнеше во жицата, дедовината и татковината дека никој жив нема да го смени името на Македонија. Но набргу по тоа Заев го промени името на државата.

Драги Рашковски, генерален секретар во Владата во моментов и висок функционер на СДСМ, јас не знам како не се срамат од него и во Коалицијата со ДУИ, и меѓународните партнери, кој вели на едно негово обраќање пред неколку години – „НАТО како организација им помагале на терористите во 2001 година, дислоцирајќи ги и криејќи ги од македонските безбедносни сили“. И продолжува дека НАТО ги збогатувало македонските езера со радиоактивни материјали итн. А, тезата и обраќањето му се вика „Четири причини зошто не треба да бидеме дел од НАТО“. Првата е затоа што НАТО не сака, втората е зашто финансиски не сме можеле да го издржиме членството, третото доколку НАТО ни е потребен недај боже да не брани, тоа му е ставот. И четвртото за да го задржиме моралот, потсети Андоновски.
Андоновски образложи дека во оваа ситуација СДСМ покажува тотална неприципиелност во постапувањето кон стратешките приоритети на земјата. Ако имаат вакви членови во Влада, ако имаат вакви високи функционери, ако имаат став дека нема да го менуваат името па ќе го менуваат името, може да замилите каде е дволичноста.

Најнови вести