Последното продолжение од Џејмс Бонд филмот со Даниел Крег „No time to die“ би требало да стане најисплатлив филм за тајниот агент 007 на сите времиња.
Новиот филм во киносалите пристигнува кон почетокот на април, а подготвена е и голема светска турнеја, која засега се откажана поради заканите од коронавирусот.
Со оглед на фактот дека кинеските власти досега затворија над 70.000 киносали ширум земјата, продуцентите одлучија да го откажат доаѓањето на актерот на Кина. Дури и вирусот мистериозно да исчезне од планетата, ѕвездите на филмот не да добијат дозвола од доктор, како и од осигурителните компании за нивно заминување во Кина.
Со светска заработка од 1,1 милијарда долари, титулата најпрофитабилен филм за Бонд ја има „Skyfall“ од 2012 година, а многумина предвидоа дека “No time to die“ ќе ја надмине оваа заработка.
Меѓутоа во вакви околности тоа ќе биде тешко, ако се земе во предвид дека од Кина и останатите земји од Блискиот Исток се очекувало дека филмот ќе заработи меѓу 150 и 300 милиони долари.