петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Фрајле, Камерен оркестар: Сезона на концерти во битолскиот Центар за култура

Фрајле, Камерен оркестар: Сезона на концерти во битолскиот Центар за култура

Националната установа Центар за култура-Битола во овој период од годината организира и ги реализира планираните музички концерти и други културни настани.

Концертната сезона почна со два концерти на битолскиот Камерен оркестар, кои пред бројна публика се одржаа во големата сала на НУ Центар за култура, а денеска почна продажбата на влезници за концерт на женскиот квартет „Фрајле“.

-Женскиот квартет „Фрајле“ предизвика голем интерес кај публиката во Битола уште со самата најава дека на 29 февруари ќе настапат во битолскиот Центар. Нивниот музички стил, познат како  „Војводинско танго“ има многу вљубеници и тоа беше доволно за да бидеме домаќини на 4 дами кои прекрасно је пејат и „Битола мој роден крај“, информираат од НУ Центар за култура-Битола.

Како што е познато женскиот квартет „Фрајле“ снимиле неколку студиски албуми, а во Битола ќе гостуваат по пауза од 6 години, кога во Пациото на НУ Завод и Музеј одржаа незаборавен целовечерен концерт. (МИА)