понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во Македонија: Починал на нива, откако му се превртел тракторот

Трагедија во Македонија: Починал на нива, откако му се превртел тракторот
илустрација

Шеесет и две годишниот М.Б. од село Мокрино го загуби животот откако тракторот со кој работел на нива се превртел.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен вчера вечерта, а мажот починал на лице место од добиените повреди.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Струмица.