Две лица се повредени по вооружениот напад кој синоќа се случи во скопската населба Железара.
Од МВР за Курир потврдуваат дека во 00.21 добиле пријава дека на ул.„Ферид Бајрам“ биле слушнати истрели од огнено оружје.
-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „Ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје, велат од МВР за Курир.
Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.
Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.