недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Авганстанскиот имигрант во Албанија е негативен на коронаворус

Авганстанскиот имигрант во Албанија е негативен на коронаворус

Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај имигрантот од Авганистан, за кого постоеше сомнеж.

-Направените анализи потврдуваат дека Хамит Мухамети (15) имигрант од Авганистан не е заразен со коронавирус. Момчето беше изолирано во болницата во Саранда, откако постоеше сомнеж за коронавирус, изјави Арјан Калчуни од едницата за јавно здравје во Саранда.

Телевизјата Ора њуз пренесува дека момчето е префлено во Инфективната клиника во Тирана.

Тоа беше дел од групата авганистански имигранти, кои полицијата ги откри откако на албанска територија влегле од Грција кај преминот „Ќаф бота“ а имаше висока телесна температура.

На днешната прес конференција Еугена Томини раководителка на секторот за епидемиологија во Министерството за здравство, рече дека од избувнувањето на епидемијата во Кина до синоќа се тестирани 18 сомнителни случаи, од нив осум лица кои пристигнале од Кина и девет од Италија. Сите се негативни. (МИА)