сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Излезе првата фотографија на Роналдињо од затвор

Излезе првата фотографија на Роналдињо од затвор

Бразилската фудбалска ѕвезда, Роналдињо, се наоѓа во затвор во Парагвај откако викендов судот наложи да биде задржан во притвор поради можноста за бегство.

Роналдињо и неговиот брат беа приведени поради користење лажни патни исправи. Доцна синоќа, Ернан Родригез, парагвајски новинар објави фотографија од Роналдињо кој е во затворот.

И престојот таму не го спречи дa се фотографира со познатата широка насмевка.