Дерматолозите кои во саботата присуствувале на симпозиумот во скопскиот ресторан „Рагуса 360 Rooftop“, на кој организатор но и предавач била и заpaзената директорка на клиниката за кожни болести – Нина Цаца Биљановска, по обелоденувањето на веста, самостојно одлучиле да се стават во домашен кapaнтин и да ја прекинат работата со пациенти, пишува „Нетпрес“.
Според извори на порталот, колеги на дел од докторите, на симпозиумот бил користен еден ист микрофон, на кој сите кажале по неколку зборови и кој бил предаван од говорник на следниот говорник.
Како што претходно објавија медиумите, предавање одржала и позитивната на коронавирус Биљановска, која во име на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје, заедно со компанијата „Солвис“, го организирала настанот.