петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција уапсени пет лица за прекршување на превентивните мерки за коронавирусот

Во Грција уапсени пет лица за прекршување на превентивните мерки за коронавирусот

Поради држење приватни часови и дополнителна настава за учениците, и покрај владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, во Грција се уапсени пет лица во три различни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, во областите Епир и северна Грција бил уапсени тројца сопственици на приватни училишта за дополнителна настава на учениците и еден професор, кои и покрај забраната за работа на образовните институции, држеле часови.

Од истата причина, била уапсена и професорка која држела приватни часови.

Сите уапсени ќе бидат изведени пред јавен обвинител. (МИА)