Македонија донесе одлука да прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа откако уште четири лица се ново заразени од коронавирусот од овој регион.
Ова значи дека во овие општини целосно е забрането влез и излез на луѓе.
Кризна состојба е донесено заедно со одлуката да се ограничи движењето во Дебар и Центар Жупа. Тоа значи забрана за влез и излез од овие општини и имаме обврска да направиме оперативен план, ова денеска на пресот го потврди министерот за здравство Венко Филипче.
-Ние од страна на стручните лица епидемиолози нас ни беше укажано што и како треба да се направи и еден дел од екипата без разлика на кризната состојба е веќе упатена во Дебар од утрово за да се направи подетална анализа на контактите, интервјуа и слично, рече Филипче.