петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Се затвораат сезонските туристички објекти во Грција

Се затвораат сезонските туристички објекти во Грција

Од денеска, па се до 30 април 2020, со одлука на министрите за развој, цивилна заштита, труд, здравство и внатрешни работи, во Грција се затвораат сите сезонски туристички објекти, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката за „привремена забрана за работа на сезонските туристички објекти“, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.

Во однос на туристичките објекти кои веќе работата, им се дава можност, да ги затворат следната седмица, на 23 март 2020.

Од Конфедерацијата на туристички бизниси на Грција, ја поздравија одлуката на владата, а претседателот Јанис Рецос вели дека станува збор за неизбежен и правилен чекор.

Паралелно, на вчерашниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите од неговата влада, беше одлучено целосно да се прекине авио поврзувањето со Италија, за оние авиокомпании кои сѐ уште имаа летови од и кон земјата.