недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се бара одложување на вториот круг од изборите во Франција

Се бара одложување на вториот круг од изборите во Франција

Првиот круг од општинските избори во Франција беше силно нарушен од епидемијата на коронавирус, со голема неизлезеност што наведе некои политички лидери да зборуваат за релативната валидност на изборите, јави дописникот на МИА.

Многу политичари, како до десницата, така и од левицата, побараа по првиот круг на општинските избори кои беа силно нарушени од коронавирусот, одложување на вториот круг закажан за следната недела. Франсоа Руфин ( Непокорна Франција), Јаник Жадот (Зелени), Бруно Ретаило (Републиканци) и Марин Ле Пен (Национален Собир), побараа одлагање заради исклучителните услови во кои се одржуваат овие избори.

Од неговиот град Ле Авр каде што е кандидат, премиерот, Едуард Филип, посочи дека ќе има консултации „на почетокот на неделава“ со експертите и политичките партии за да одлучат дали вториот круг, закажан за 22 март  ќе се одржува.

-Вториот круг веројатно нема да се случи, рече Марин Ле Пен, која верува, дека „победите во првиот круг мора да се земат во предвид“.

-Ние сме во време кога преовладуваат здравствените услови, рече претседателот на групата Републиканци во Сенатот, Бруно Ретаило. Мислам дека ќе треба да ги одложиме изборите за вториот круг.

Лидерот на непокорна Франција Жан-Лук Меланшон, во меѓувреме, побара одлуката да биде „донесено што е можно поскоро“ и рече дека демократијата не треба да се става „во мирување“.

И покрај минувањето на земјата во фаза 3 од епидемијата, и покрај затворањето на училиштата, колеџите, средните училишта и оној на рестораните и несуштинските бизниси, владата донесе одлука да ги одржи изборите во неделата, преземајќи ризик од голема неизлезеност. Гласањето во неделата го потврди ова, со проценета апстиненција од 53,3 до 56 отсто, далеку над рекордот во 2014 година (36,45 отсто).

Во својот говор, кратко време по 20 часот, Јаник Жадот го замоли Емануел Макрон да „направи здравјето на Французите да преовладува во сите околности, а тоа, од сега па натаму, во најкомплетна транспарентност“. Лидерот на Зелените побара од него да ги собере „утре претпладне претставниците на политичките сили за  да ги извлечат сите лекции од овој прв круг“, нешто што го побара и Бруно Ретаило.

-Зошто свикавме прв круг, ако веќе знаеме дека нема да има втор круг? се запраша секретарот на Социјалистите  Оливие Фор. „Прашањето што се поставува денес е дали владата има намера да се движи кон поопшто ограничување, има намера да се движи кон втор круг или не? вели тој.

Поништувањето на вториот круг од изборите ќе го направи првиот круг застарен и процесот ќе треба да се започне од почеток.