Во 19 часот денеска Владата ќе одржи нова седница, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
-Ќе се дискутира за повеќе мерки евентуално, и врз основа на одлуките ќе информирам непосредно по завршување на седницата нагласи Филипче.
Одговарајќи на новинарски прашања министерот истакна дека работата на судовите и извозот на храна најверојатно ќе бидат дел од темите на кои ќе се одлучува на денешната владина седница.