сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредна состојба во Врховен: Сестра на судијка заразена од коронавирус

Вонредна состојба во Врховен: Сестра на судијка заразена од коронавирус

Паника владее меѓу судиите и вработените во Врховниот суд откако во понеделникот се дознало дека една од новозаразените со короновирус е сестра на врховна судијка, дознава „360 степени“.

Во меѓувреме, дел од судиите и другите вработени решиле да не одат на работа, па е доведено во прашање функционирањето на Судот во полн капацитет.

Според изворот на 360 степени, колегите им се лути на судијката и на в.д. претседателот на Судот, Фаик Арслани, затоа што повеќе денови знаеле дека близок на судијката има симптоми на настинка, дека неодамна се вратил од странство, а судијката продолжила активно да доаѓа на работа во Врховен.

Сестрата на судијката е, всушност, сопругата од брачниот пар од Скопје кој бил во Бугарија и во понеделникот беше дијагностициран за позитивен на коронавирус.

Според јавно достапните информации, сопружниците имале симптоми неколку дена по враќање од Бугарија, па решиле во понеделникот да се тестираат во лабораторијата на клиниката „Жан Митрев“. Утредента тестовите беа повторени и во Институтот за јавно здравје, каде се потврди дека двајцата се позитивни на коронавирус.

Мажот од брачната двојка вчера реши за нивната состојба да напише порака на „Фејсбук“:

Вчера Судскиот совет излезе со препораки за тоа како треба да постапуваат судовите во актуелната криза со коронавирусот, делејќи ги предметите на итни и останати.

Најнови вести