сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заразениот д-р Аголи за Плусинфо: Бев на Централното собрание на Алијансата за Албанците, ама со маска!

Заразениот д-р Аголи за Плусинфо: Бев на Централното собрание на Алијансата за Албанците, ама со маска!

Бев присутен на Централното собрание на Алијансата за Албанците, но носев заштитна маска и ракавици, изјави за Плусинфо, доктор Арбен Аголи од Дебар, кој во вторникот ја информираше јавноста дека е позитивен на коронавирусот.

-На состанокот не се поздравив со никого. Седев во последниот ред, далеку од другите, рече Аголи.

Алијансата за Албанците одржа Централно собрание минатата среда, а високи членови од  партиското раководство за нашиот медиум потврдија дека деновиве биле тестирани повеќе луѓе кои на состанокот седеле во близина на заразениот лекар, но за среќа, додаваат тие, резултатите се негативни.

Најнови вести