Владата веројатно ќе донесе дополнителни мерки за превенција на граѓаните повозрасни од 65 години, како и помладите од 18 години, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информираше дека мерките ќе се разгледуваат на денешната владина седница закажана за 17:00 часот.
Воедно, Филипче кажа дека вработените на Клиниката за кожни болести навршија карантин од 14 дена и сите ќе бидат тестирани на ковид-19 пред да се вратат на работните места.