недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од денеска самоизолација за сите жители на Москва

Од денеска самоизолација за сите жители на Москва

Сите жители на Москва ќе мора од денеска да останат во домашна самоизолација, најави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Денеска потпишав наредба за дополнителни мерки за да се спречи брзото ширење на коронавирусот. Од утре, самоизолацијата ќе биде задолжителна за сите жители на Москва, без оглед на возраста“, напиша вчера Собјанин на својот блог.

Во Указот се вели дека напуштањето на домовите ќе биде можно само во случај на итна медицинска помош или во случај на опасност по животот и здравјето, доколку мора да одите на работа, освен ако не постои друго решение, за да се изврши набавка и да се прошетаат домашни миленичиња и тоа. на оддалеченост од 100 метри од местото на живеење, како и за изнесување ѓубре.

Во Русија, во изминатите 24 часа се откриени 270 нови случаи, додека вкупниот број на пациенти достигна 1.534, и 64 починати. Следната седмица, според одлуката на властите, е неработна.