среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се огласија од скопска Гинекологија: Родилката со коронавирус беше изолирана од другите пациентки

Се огласија од скопска Гинекологија: Родилката со коронавирус беше изолирана од другите пациентки

По информацијата за родилката од Куманово чиј што резултат се покажа позитивен на вирусот COVID-19 и која по породувањето е префрлена на Клиниката за инфективни болести, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје, информираат дека за пациентката се запазени сите протоколи и истата е спроведена преку посебен влез, односно била изолирана од другите пациентки.

-Уште еднаш истакнуваме дека во текот на целокупниот престој на пациентката на Клиниката за гинекологија и акушерство, од приемот до исписот, со пациентката е постапувано според сите начела за превенција и заштита од COVID-19, како во поглед на изолацијта на пациентката исто така и во однос на превземените мерки за заштита на медицинскиот персонал и останатите пациенти, информираат од ГАК и додаваат:

„За потсетување, еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на карантинска изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим“.

-Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираме уште еднаш сите пациентки кои доаѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки дадени од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и здравјето на околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел адекватно и навремено превземање на мерките кои се однесуваат на заштитата на вашето здравје, здравјето на вашето бебе и безбедноста на здравстевниот персонал.

Најнови вести