Курир објави десетици барања на болници, ординации, амбуланти, затвори и други јавни институции кои бараат донации од хумани организации за запштитна опрема од коронавирусот.
Прашањето кое е очигледно се наметнува и кое го поставивме е – каде е тука државата и дали се треба да се сведе на хумани луѓе, кои за среќа ги има во Македонија?
Помошта е добредојдена, но ова е знак дека министерството за здравство сериозно потфрла, а овие јавни и приватни институции мораат да се крстат во хуманоста на иницијаторите од 3D принт Медицинска опрема, Фејсбук групата Изработка на капи и каљачи и други филантропи во државата.
Хуманите луѓе имаат силна заслуга за заштита на лицата најизложени и први во линијата во битката со коронавирусот, кои очигледно се оставени само на себе. За потсетување, до денеска над 50 медицинари се заразени со КОВИД-19 во Македонија. Причината за ова, за жал, е јасна.
Токму денеска, новинарите на прес-конференција поставија прашање токму за овој проблем и кај министерот Венко Филипче, кој изјави или подобро кажано – тврди дека сите јавни институции биле навремено и целосно снабдени со потребната заштитна опрема?!
Имаме реален проблем бидејќи наспрема неговото тврдење се апелите и стотиците барања на лекари од јавни и приватни ординации и болници, одговорни лица во затвори и други.
Во претходниот текст ги објавивме барањата на десетина институции.
За да сфатите кој лаже – Филипче или лекарите од јавно здравје, ви пренесуваме само еден мал дел од благодарниците упатени кон 3D принт Медицинска опрема.
Уште полесно и поедноставно, одете на нивниот отворен профил на ФБ и уверете се самите, дали ова е хир на лекарите кои очигледно немаат никаква заштитна опрема или министерот Филипче е во право кога вели дека лекарите се одлично снабдени. Напоменуваме, ова е само мал дел од изразената благодарност до хуманите луѓе.
Видете самите –
Кој лаже – лекарите или Филипче, заклучете самите…