Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Стрига, Мирче Аџиоски преки статус на Фејсбук пишува дека Струга е на пат да стане ново жариште на коронавирус во Македонија.
Во екот на пандемијата прогласена од СЗО, поради рапидното ширење на коронавирусот COVID 19, Струга е на пат да стане ново жариште во Република Македонија.
Жално но вистинито!
Би сакал во овие тешки времиња, да апелирам за што помасовно тестирање во Струга и во селата каде што до сега има официјално 24 наши сограѓани, инфицирани од COVID 19 и за жал 3 смртни случаи!
Во оваа ситуација не се важни ниту власт ниту опозиција,ниту вера ниту нација, важен е секој човечки живот!
Ако е потребно нека се стават во карантин кризните села, со цел да им се помогне на тие луѓе, кои секојдневно стравуваат за сопствените животи, а доколку се процени дека е подобро и целосно Струга нека се стави во карантин.
Министерството за здравство нека обезбеди тестови и со мобилни екипи да допре до сите наши сограѓани да им се понуди заштита и соодветен третман.
Навистина е несериозно и безобразно кога во вонредна состојба Владата со указ доделува плати на СЈО, во енормно големи цифри, а здравствените работници и припадниците на МВР се борат голораки во првите редови против COVID 19!
А да не зборуваме за големата економска криза која многу долго ќе ја живееме и преживуваме!
Истовремено би сакал да апелирам до владата и до градоначалникот на град Струга, Рамиз Мерко да ги прекинат сите привремени вработувања во државните институции, во Општина Струга и Јавните претпријатија кои немаат работа и тие парични средства да се пренаменат за обезбедување на заштитни средства за медицинскиот персонал во Струга.
Секојдневно да се дезинфицира во градот и околните села, а посебно во селата од каде што има наши сограѓани инфицирани со COVID 19.
И за крај, би сакал да изразам сочуство да фамилиите на нашите сограѓани починати од COVOD 19, и на сите останати да им порачам, да бидеме силни и обединети, да помагаме колку што можеме, да останеме дома и да спасиме човечки животи, само така ќе го пребродиме ова тешко време!
Со почит,
Мирче Аџиоски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Струга, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Почитувани,Во екот на пандемијата прогласена од СЗО, поради рапидното ширење на коронавирусот COVID 19, Струга е на…
Gepostet von Mirce Adzioski am Sonntag, 5. April 2020